Околу 13.000 луѓе се собраа утринава во паркот Лунета во главниот град Манила.
Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот, ги повика демонстрантите да останат мирни.
Теди Касино, претседател на сојузот на левичарски организации Bagong Aljansang Makabayan, побара враќање на парите и затвор за одговорните.
„Луѓето излегуваат на улиците и го изразуваат својот гнев во надеж дека ќе извршат притисок врз владата да навистина го врши својот работен долг“, рече тој.
Подоцна во текот на денот се очекуваат повеќе демонстранти на авенијата позната по протестите кои доведоа до протерување на Фердинанд Маркос, таткото на сегашниот претседател, во 1986 година.
Проектите за одбрана од поплави се во центарот на најголемиот корупциски скандал во Филипини во последните децении и веќе доведоа до пад на претседателот на Сенатот и на долниот дом на парламентот, како и на роднини на актуелниот шеф на државата, Мартин Ромуладес.
Скандалот доминира со насловните страници на медиумите, а прашањето беше централна тема и во говорот за состојбата на нацијата што претседателот Маркос го одржа во јули, по повеќенеделните смртоносни поплави во архипелагот.
На почетокот на овој месец, сопственици на една градежна фирма ги обвинија речиси 30 пратеници и функционери од Министерството за јавни работи и автопати (DPWH) дека примале исплати во готово.
Финансиската штета се проценува на 118,5 милијарди пезоси (1,75 милијарди евра) во периодот 2023–2025 година, според Министерството за финансии на Филипини.
Организацијата Гринпис проценува дека вистинската сума може да изнесува дури 15,3 милијарди евра.
Извор: N1info.rs