Неколку илјади луѓе вчера вечер излегоа на улиците на Скопје, во еден од најмасовните протести во измантите години и во мирен протестен марш побараа правда и одговорност за жртвите во пожарот во Кочани.
– Многу млади животи изгубивме. И не очекував дека ќе плачам, ама многу е тажно и многу е болно. И дефинитивно ни треба промени. Треба многу промени да се случат, и од корен да се смени системот. Мислам дека ова е почеток на тоа, затоа што ние младите и повозрасните ама посебно младината на која што и останува оваа прекрасна убава држава треба да се вклучи во сето ова за да биде подобро за сите – велат учесниците на вчерашниот протест.
Протестот организиран од движењето „Кој е следен?“ започна во 18 часот и 59 минути на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со триминутен молк за загинатите во Кочани и со положување цвеќе на плоштадот “Македонија”, по што околу 10.000 собрани граѓаните се упатија кон Собранието преку Триумфалната капија. На транспаренти беа испратени пораките: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”, „Ваш профит, наши животи“.



Во Жена-парк наспроти Собранието и Градската болница толпата луѓе со силен 5-минутен аплауз ги поздравија здравствените работници. Маршот продолжи кон Холидеј ин, преку мостот Филип II и се движеше по булеварот “Гоце Делчев” до Владата каде граѓаните изикуваа „Уа профитери“ и „Уа убијци“по што со 16 минутен молк се оддаде почите на настраданите во пожарот во Кочани. Ниту силниот дожд не ги попречи граѓаните и тие останаа пред Владата.
-Се надевам дека ќе живееме во многу поубава иднина. За тоа најверојатно ќе треба време за да се постигне ама ќе биде ако сме истрајни- велат граѓаните.
Тие очекуваат одговорност за сите оние кои се дел од трагедијата, а не произволно апсење, замајување очи или пак како што велат, мерки кои што ќе бидат наредните само шест месеци.
„Кој е следен?“ кои се организатори на протестите велат дека не гледаат одговорност, односно не гледаат акција по онашто се случи во Кочани.



– Ние бараме одговорност и за трагедијата во Кочани, ама бараме и за претходните трагедии. Значи бараме соодветно да си одговараат сите кои што биле вклучени во тоа да стигне до ова што ни се случи. Очекуваме фер и правична истражна постапка. Ние моментално не можеме да направиме ништо од оваа страна додека трае истрагата. Така што очекуваме правда за сите и очекуваме транспарентност. Тоа е она што можеме да го потенцираме. Навистина очекуваме транспарентност од сите институции и органи. Затоа што јавноста е изреволтирана и сака одговори- објансуваат тие.
Велат дека немаат конкретни планови за тоа како во иднина ќе дејствуваат и што ќе се организира.
– Ние работиме секој ден. Се собираме и разговараме најдемократски, значи еве ги формулиравме барањата кои што се јавно досве остапни во јавност. Можеме да ги презентираме транспарентно во секој момент затоа што ние функционираме на принцип на транспарентност, затоа и очекуваме државата да функционира за нели како што е одговорна пред граѓаните. А нашите следни чекори досега не се дефинирани, моментално изразуваме протест заради целата ситуација, нели заради коруптивната срж во општеството и очекуваме да ни се да ни се одговорат барем барањата коишто ги имаме конкретизирано и објавено – велат од „Кој е Следен“