Деветнаесетгодишните Ри-Ри и Шин-Шин пристигнаа во зоолошката градина Уено во Токио во февруари 2011 година. Поради висок крвен притисок, кој се појавува кај овие животни во подоцнежните години, тие биле испратени во Кина, се вели во соопштението на надлежните служби.
Мажот Ри-Ри и женката Шин-Шин утринава се качиле во авион за Кина.
Нивната крајна дестинација е огромен резерват за панди во провинцијата Сечуан, во југоисточна Кина, каде што се родени.
Околу 2.000 луѓе, од кои некои чекале во ред цела ноќ, ја посетија зоолошката градина Уено пред заминувањето на пандите за да се збогуваат со нив.
За време на престојот во Токио, Шин-Шин родила четири младенчиња.
Во светот има вкупно околу 1.600 панди, од кои само околу триесет живеат во зоолошки градини надвор од Кина.