ИКЕА купува 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија

Набавката е дел од стратегијата за одговорно управување со шумите и користење локални суровини, а трансакцијата треба да биде одобрена од регулаторите

ИКЕА најави купување на околу 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија од финската инвестициска компанија CapMan Natural Capital. Компанијата по повеќе од десет години управување со имотот оцени дека шумите достигнале „зрела фаза“ за создавање вредност.

Според ИКЕА, набавката е во согласност со нивната стратегија за одговорно управување со шумите и користење на локални суровини, особено имајќи предвид дека компанијата е меѓу најголемите потрошувачи на дрвна маса во светот.

Трансакцијата треба да биде одобрена од регулаторите и се очекува да биде завршена во првата половина на следната година.

По продажбата, CapMan ќе продолжи да управува со 215.000 хектари шума и ќе остане еден од најголемите независни сопственици на шуми во Европската Унија. Вкупната вредност на имотот што го управува компанијата моментално изнесува 7,1 милијарди евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни