ИЈЗ: Пронајдени бактерии во храната и на три чешми во ООУ „Димо Хаџи Димов“

За потсетување изминативе два дена десеттици ученици во ООУ „Димо Хаџи Димов“ се пожалиле на стомачмни тегоби и симптоми на труење, а неколку од нив беа и хоспитализирани

Институтот за јавно здравје информира дека во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae.

Фекални бактерии исто така се пронајдени и на три од чешмите во училиштето.

„После одржаната прес конференција, добивме нов резултат од земениот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето“, соопштуваат од ИЈЗ.

Од Институтот порачаа дека и понатаму ќе бидат во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните.

За потсетување изминативе два дена десеттици ученици во ООУ „Димо Хаџи Димов“ се пожалиле на стомачмни тегоби и симптоми на труење, а неколку од нив беа и хоспитализирани

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни