Светската ракометна федерација (ИХФ) соопшти дека поради инцидентите за време и по натпреварот помеѓу Холандија и Македонија на Светското ракометно првенство, македонската федерација е парично казнета.
Поради фрлањето на предмети и истурањето течности на теренот од страна на навивачите, претежно од тие од Македонија, ИХФ вели дека изрекле парична казна за Ракометната федерација на Македонија, но и серија промени и предупредувања за хрватските организатори.
Хрватскиот организациски комитет исто така заработи парична казна и предупредување дека доколку слични инциденти се повторат, дека ќе следи затворање на трибите. Слична казна има и за РФМ, дека доколку се повторат инцидентите, нема да се дозволи влез на македонски навивачи.
Помеѓу одлуките е и тоа дека во Вараждин ќе бидат затворени делови од трибините над клупите на двете селекции, со цел да се заштитат играчите, како и дека ќе има зголемено обезбедување и полициско присуство на сите натпревари.
Од ИХФ исто така наложуваат и построги претреси на сите гледачи кои влегуваат во салата, како и на нивните торби и чанти.