„Играм и пеам за мојата мајка“ – изложба на детски цртежи и честитки

 Во ЈУ. Детскиот културен центар-„Карпош“ ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки изработени од најмалите, децата од предучилишните установи од Скопје. Оваа година творбите се под мото – Љубов и насмевка  за сите жени.

Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март – Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан  „Играм и пеам за мојата мајка“.  

На наша покана, од градинките пристигнаа прекрасни ликовни творби кои ги изработија најмалите, децата од скопските градинки. Преку нивните творби (честитките и цртежите) се рефлектираат нивните чисти и нежни чувства, а исто така може да се види колку далеку одат детската креативност и фантазија, но и како тие си ја замислуваат својата мајка-жената и која е нејзината улога во нивниот живот.

Покрај изложбата за децата од градинките е организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ – Карпош ќе биде Ива Матиќ единствената жена – пилот на воен авион,а сега пилот на авион од комерцијален тип. Таа работи во компанијата Wizz Air и ќе им раскаже на децата како се управува со авион и дека секоја жена може да биде успешна во било која професија за која ќе се определи.

Изложбата ќе биде отворена во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 07.03.2025 година со почеток во 10:00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни