Игор Трпчески за состојбата во НУЦК „Марко Цепенков“: „Преполовени сме, немаме ни чувари, ни чистачи“

Во најновото издание на „Отворени муабети со Игор Трпчески“, највозрасниот актер во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп отворено зборува за сериозните проблеми со кои се соочува Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“.

„Институцијата од 80 вработени сега брои едвај 45. Преполовени сме,“ вели Трпчески, додавајќи дека дури и да се функционални салите, нема доволно персонал за да ги одржува.

„Немаме доволно чистачи, нема доволно чувари, ниту ноќен чувар. Ни камерите не работат!“

Најдраматичното, според него, е неодамнешната кражба на индустриска клима вредна околу 10.000 евра, од просториите на Центарот – и тоа, како што вели, во центарот на градот, без никој да забележи.

„Климата беше голема колку пола соба. Како е можно тоа да исчезне, а никој да не види ништо? И никој не одговара, никому ништо“, предупредува Трпчески.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни