Игор Стефановски со јавно писмо: Пет предлози за подобра Македонија

Игор Стефановски, син на големиот драмски писател Горан Стефановски, на својот Фејсбук профил објави отворено писмо во кое упати неколку предлози за подобрување на состојбата во земјата.

Вели дека по повеќе од 30 години живот меѓу Балканот и Европа, секогаш се враќа во Македонија, но овојпат почувствувал потреба јавно да реагира.

„Мојот град и мојата земја не сум ги видел во полоша состојба – запуштени, занемарени, оставени сами себе да се изглодаат однатре“, пишува Стефановски, додавајќи дека не сака да критикува, туку да предложи решенија.

Во своето писмо тој изнесува пет конкретни предлози:

  1. Промена на временската зона – Македонија да премине во GMT+2 за да има повеќе дневна светлина во зима.
  2. Зелен бран низ скопските булевари – повторно воспоставување координиран сообраќаен систем за полесно и побрзо движење.
  3. Справување со кучињата скитници – хумано решение за намалување на бројот на кучиња на улиците.
  4. Декриминализација на сите дроги – да не се гони приватната употреба и поседување, а полицијата да се фокусира на посериозни безбедносни прашања.
  5. Права за животната средина – воведување законска заштита на Природата со строги казни за уништување на шумите, реките и екосистемот.

„Сакам Македонија да ми биде силната, а не слабата точка!“, порачува Стефановски, надевајќи се дека неговите предлози ќе поттикнат јавна дискусија и нови идеи за позитивни промени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни