Игор Грубиќ:Гестови на активација – дела во јавен простор во МКЦ

Јавниот ангажман е еден од основните поттици на делото на Грубиќ, како што е беше нагласено и во насловот на неговата ретроспективна изложба во Риека, а водено и прво самостојно претставување во Скопје.

Од 29 мај до 12 август во Музеј на современата уметност – Скопје ќе биде отворена голема ретроспективна изложба на дела изведени во јавен простор на хрватскиот уметник Игор Грубиќ насловена како „Гестови на активација – дела во јавен простор“.

,Игор Грубиќ ќе претстави ретроспективен поглед на творештво на уметникот, дела создадени во повеќе медиуми од крајот на деведесеттите години до денес. Неговите дела, од минимални гестови во форма на текст, фотографија или перформанс, до проекти што имаат вон-уметнички цели, ќе бидат поставени во МСУ-Скопје.

Јавниот ангажман е еден од основните поттици на делото на Грубиќ, како што е беше нагласено и во насловот на неговата ретроспективна изложба во Риека, а водено и прво самостојно претставување во Скопје.

Тој е преокупиран со темите за општествените превирања во 1990-тите, меѓу кои посветува особено внимание на процесите на транзиција и приватизација, товарот на воените разорувања и одговорноста на поединецот во активното создавање позитивни општествени промени. Дотолку, што неговите критички ориентирани мисли се тесно поврзани со зајакнувањето на граѓанската непослушност, примената на разни активистички стратегии на агитација и инфилтрација во јавниот простор. Влегувајќи во мекото ткиво на пацифистичката, но вознемирувачка критика, Грубиќ претставува препознатлив пример за уметнички активизам кој се држи до духот на герилско-анархистичките акции и го продолжува наследството на историските авангарди и концептуалните практики од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, кои што со излегувањето на улиците, изразија институционална критика и желба за директна комуникација со јавноста.

Изборот на дела на изложбата „Гестови на активирање“ ги опфаќа некои од клучните дела на Грубиќ, како што се антологискиот „Црн перистил“ (1998) или кампањата „Книга и општество“ насочена против ДДВ на книгите, со која тој мобилизираше бројни колеги уметници во истата година во единствена манифестација со специфична цел.

Заедно со акцијата „Книгата и општеството“, Грубиќ агитира за промени во културните политики во 1990-тите со акциите „Повик за смена на управата на СЦ“ (2000) и „Но-ки-тека“ (1997/1998), а за прв пат го претстави фото-перформансот „Breathless (До последен здив)“ од 1999 година, кој е коментар на тогаш непостоечката институционална поддршка за независната култура. Двоканалната видео-инсталација „East Side Story (Приказна од Источната страна)“ (2006-2008), вклучена во колекцијата на лондонскиот Тејт Модерн, го разоткрива насилството на ултрадесничарските националистички групи во Загреб и Белград во танцова кореографија, а монументалната фотографска серија „366 ритуали на ослободување“ (2008) се состои од микрополитички акции што уметникот ги изведувал секој ден во текот на една година. Изложбата вклучува и дела изведени надвор од вообичаениот посттранзициски контекст на Источна Европа, во кои Грубиќ го проширува својот поглед на невралгичните точки на глобалниот хоризонт со интервенции како што се „Архитектура што недостасува“ (2012), како и најновата серија дела „Another Green World “ (2021), серија политичко-поетски пораки и цитати, текстуални интервенции врз класични историцистички скулптури во градскиот парк „Вила Комунале“ во Неапол.

Игор Грубиќ (Загреб, 1969) работи како мултимедијален уметник од почетокот на деведесеттите години. Неговата работа вклучува просторно-специфични интервенции во јавниот простор, фотографија и филм.

Тој ја претставуваше Хрватска на 58-то Венециско биенале. Интервенциите на Грубиќ во јавниот простор, како и неговите филмови, истражуваат политички ситуации од минатото и сегашноста. Критичката, социополитички посветена практика на Грубиќ се карактеризира со долгорочен ангажман и посветеност на темите што тој избира да ги обработи. Од длабинско истражување на судбината на историските споменици и пропаѓањето на индустријата, до испитување на тешкотиите на малцинските заедници, неговите проекти се одвиваат во текот на неколкугодишно истражување и воспоставување посебни односи.

Изложбата се реализира во соработка со ММСУ Риека каде што е првпат организирана во 2024 и курирана од Бранка Бенчиќ, Кора Гирин и Сабина Саламон.

Изложбата во МСУ-Скопје е ко-курирана од Владимир Јанчевски во соработка со Бранка Бенчиќ, Кора Гирин и Сабина Саламон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни