Игнез ќе настапува во Скопје во сабота, доживејте го неговиот звук во живо во Епицентар

Еден од најинтригантните артисти во светот на електронската музика доаѓа во Скопје на 1 март и ветува незаборавна вечер.

Игнез ќе настапи на 1 март, во сабота, во клубот Епицентар во Скопје. Ова е можност да го доживеете неговиот звук во живо и да уживате во една незаборавна вечер. Влезници ќе бидат достапни на самиот влез.

Неговиот звук е уникатен, инспириран од природата, од брановите на морето кај брегот на Холандија, каде што израснал. Тој создава електронска музика која е хипнотизирачка со заводливи мелодии.

Со своите изданија на познати label-ови како Token и SK_eleven, како и преку неговата сопствена издавачка куќа Somov Records, Игнез успеа да го привлече светот на електронската музика. Неговите соработки со легендарниот Rødhåd се исто така нешто што мора да се спомне.

Неговите DJ настапи се вистинско искуство – енергични и полни со емоции. Игнез ве носи на патување низ звукот, каде што ритамот и мелодијата ви создаваат незаборавна ноќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни