Светски институт за резерви

Иднината на водата

Една четвртина од светската популација се соочува со екстремно високи нивоа на недостиг на вода секоја година, иако ја користат речиси целата количина која им е достапна. Најмалку половина од луѓето во светот, што е речиси четири милијарди луѓе, живеат на места со многу малку вода, а тоа е најизразено во некои месеци, покажуваат податоците од Светскиот институт за ресурси.

Населението расте од година во година, температурите се повисоки, залихите на вода се помали, поради глобалното затоплување и сушите. Покрај растот на населението и климатските промени, има и поголем економски раст, а тоа значи дека има се повеќе компании и претпријатија на кои им е потребна вода.

Интересен, но загрижувачки податок е тоа што бројките покажуваат дека уште од 1960 година е забележано зголемување на потрошувачката на вода. Па според тоа замислете каква е ситуацијата денес, велат експертите.

Светскиот институт за резерви врз основа на парамети од скала за тоа колку водени залихи имаат одредени региони дојде до заклучок дека во 25 земји веќе 80 отсто од водените ресурси се максимално искористени.

На таа листа се најдоа: Бахреин, Кипар, Кувајт, Либан, Оман, Катар, ОАЕ, СА, Израел, Египет, Либија, Јемен, Боцвана. , Иран, Јордан, Чиле, Сан Марино, Белгија, Грција, Тунис, Намибија, Јужна Африка, Ирак, Индија и Сирија.

Одржливото управување со водите може да го намали ризикот од кризи и да обезбеди долгорочна безбедност. Со цел да се промовира одржливо користење, неопходно е да се инвестира во инфраструктурата, да се едуцираат граѓаните за важноста од заштеда на вода и да се воспостават ефективни политики за вода. Исто така, соработката меѓу земјите може да помогне во размената на најдобрите практики и ресурси. Во иднина правилната употреба на водата нема да биде само прашање на зачувување, туку и за опстанок, посочуваат од СИР.

Извор: energetskiportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни