Новата платформа на dm за поттикнување општествен ангажман „Иднина која инспирира“ беше претставена денес во Innox Innovation Center во Скопје, на настан кој ги обедини претставниците на граѓанскиот сектор, компаниите и активните поединци околу идејата за заедничко дејствување за подобра заедница.
Настанот започна со презентација на концептот на платформата, чија цел е да ги мотивира луѓето да го препознаат значењето на личниот придонес и да се вклучат во иницијативи што носат позитивни промени во општеството.
Според организаторите, идејата произлегла од потребата да се потсетиме себеси и другите за важноста на личната одговорност и активното учество во заедницата. Промената, како што беше посочено, започнува токму во моментот кога поединецот ја препознава својата улога и одлучува да дејствува.
Компанијата зад иницијативата нагласи дека сака да биде партнер на заедницата, да ги поддржува добрите идеи и да создаде простор каде инспиративните иницијативи ќе можат да се развиваат и да оживеат.
Платформата ќе бара и поддржува инспиративни приказни и проекти што придонесуваат за подобрување во три клучни области: заедништво и меѓусебна поддршка, заштита на животната средина и општествен развој преку еднаквост, инклузија и образование.
Во рамки на иницијативата ќе се опфатат теми како интеграција и инклузија, образование, социјална еднаквост, критичко размислување, заштита на животната средина, како и активности поврзани со чистење на јавни површини, пошумување, рециклирање и други практики што придонесуваат за заштита на климата и природата. Дел од фокусот ќе биде ставен и на социјалната близина, поддршката за луѓе во потреба и активности кои обезбедуваат континуирана поддршка за заедницата.
Платформата е наменета и за организации и за поединци. Право на учество ќе имаат регистрирани невладини организации, здруженија, институции, училишта и единици на локална самоуправа со седиште во Македонија, како и физички лица постари од 18 години кои сакаат да споделат или реализираат сопствен волонтерски ангажман.
Настанот заврши со симболична, но практична волонтерска активност. Присутните гости се вклучија во пакување донациски пакети наменети за Кризниот центар „Надеж“ и за Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Со овој гест платформата го започна своето делување токму онака како што е и замислена – преку заедничко дејствување и конкретна поддршка за заедницата.


