Околу 50 израелски воени авиони пред кратко време погодиле подземен бункер изграден за врховниот лидер на Иран, соопшти израелската армија, како што објави Скај њуз.
Израелските одбранбени сили наведуваат дека операцијата е спроведена утрово во централниот дел на Техеран, а бункерот се наоѓал под комплексот каде што се наоѓа седиштето на раководството на иранскиот режим.
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во првите американско-израелски напади минатата сабота.
„Хамнеи беше елиминиран пред да може да го користи бункерот за време на операцијата „Рикачки лав“, но комплексот сè уште го користеа високи функционери на иранскиот режим“, соопшти ИДФ на Телеграм.