Идентификувани телата на 42 жртви од пожарот во Швајцарија

Во трагичниот пожар во барот „Le Constellation“ во Кранс-Монтана се пронајдено телото на 31-годишниот српски обезбедувач Стефан Ивановиќ. Истрагата за причините и безбедносните пропусти продолжува.

Швајцарија продолжува со истрагата и идентификацијата на жртвите од пожарот во барот „Le Constellation“ во Кранс-Монтана, одземајќи најмалку 40 животи и повредувајќи 119 лица. Четири дена по една од најтрагичните катастрофи во поновата историја на земјата, властите продолжуваат со тешката задача за идентификација на жртвите, додека истрагата за причините се интензивира, објави швајцарскиот портал Le Nouvelliste.

Државното обвинителство покрена кривична истрага против двајца управители на објектот поради сомневање за убиство од непредпазливост, нанесување телесни повреди од непредпазливост и предизвикување пожар од непредпазливост. До сега се идентификувани телата на 24 жртви, најчесто млади лица, кои им се предадени на семејствата.

Идентификувани уште 16 жртви

Полицијата на кантон Валез објави дека се идентификувани телата на уште 16 жртви од ужасниот пожар. Меѓу нив се четири Швајцарки на возраст од 14, 15 и 18 години, и шест Швајцарци стари од 16 до 31 година. Меѓу нив е и Стефан Ивановиќ (31), двојно државјанин на Швајцарија и Србија, кој работел како обезбедувач во барот.

Меѓу идентификуваните се и двајца Италијанци на 16 години, 16-годишен државјанин на Италија и ОАЕ, италијанската голф надеж Емануеле Галепини, 18-годишен Романец, 39-годишен Французин и 18-годишен Турчин. Со тоа вкупниот број на идентификувани се зголеми на 24. Полицијата соопштува дека истраги и процеси на идентификација за останатите жртви се интензивно во тек.

Истражуваат сопствениците

Додека семејствата ги жалат своите најблиски, истрагата се фокусира на безбедносните услови во барот. Посебно внимание се посветува на материјалите кои според првите информации, можеле да бидат причината за катастрофата. На основа на фотографии од барот, весникот NZZ am Sonntag изнесе хипотеза дека се работело за евтин и лесно запалив материјал.

Главната обвинителка Беатрис Пилуд изјави: „Истражуваме за да утврдиме дали тој материјал бил во согласност со стандардите или не. Сè уште не знаеме.“ Исто така, не е јасно дали внатрешната реновација на барот „Le Constellation“ имала сите потребни дозволи.

Двајцата управители на барот, односно сопствениците, против кои е покрената истрагата, остануваат на слобода. Иако обвинителството имало можност да им одреди притвор поради опасност од бегство, тоа не е сторено, бидејќи се француски државјани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни