Многу луѓе мислат дека јадење доцна навечер е причина за дебелеење. Вечерата е тема која особено ги интересира тие кои сакаат да ослабнат, а нутриционистката Елеона Јажиќ објаснува дека вечерата не треба да се избегнува и препорачува што да се јаде навечер.
Таа вели дека потребен е секој оброк за правилно функционирање на организмот.
„Препорачано е да имате тро до шест оброци во текот на денот, во зависност од дневниот ритам и потребата на поединецот. Вечерата во овој случај обезбедува енергија потребна за остатокот од вечерните и раноутринските активности. Исто така, квалитетна и избалансирана вечера може да ви помогне во одржувањето на стабилното ниво на шеќер во крвта“ вели Јажиќ.
Популарната идеја да се прескокне вечерата за да се слабее, според неа, често може да резултира со контраефект.
„Прескокнувањето на вечерата може да доведе до прејадување подоцна навечер или следното утро, што може да го наруши варењето и спиењето. За да избегнете прејадување и грицкање во доцните часови, препорачливо е оброците рамномерно да се распределуваат во текот на денот. Слично на тоа, гладот може да го попречува и квалитетот на сонот, додека урамнотежената вечера ќе ви помогне да спиете подобро“, вели таа.
Прескокнувањето оброци особено не се препорачува за оние кои се грижат за тренирање и раст на мускулите.
„Луѓето кои тренираат навечер никогаш не треба да ја прескокнуваат вечерата, бидејќи таа е клучен оброк за квалитетно закрепнување и раст на мускулите. Доколку причината за прескокнување на вечерата е желбата за слабеење, би истакнала дека видот и количината на храната што ја консумираме е многу поважна од времето кога ја консумираме“, објасни таа.
Иако луѓето имаат тенденција да консумираат висококалорични вечери, нутриционистката наведува дека е подобро да ги замените со лесно сварлива храна.
„Истражувањата покажуваат дека навечер луѓето почесто избираат храна богата со калории, преработени јаглехидрати и масти како грицки, слатки и брза храна. Доколку таквите ситуации се чести, тие можат негативно да влијаат на метаболизмот и да доведат до нарушување на секрецијата на хормони во вечерните часови. Изберете лесно сварлива храна која обезбедува доволна количина на хранливи материи, пред се влакна и протеини“ вели таа.
Според неа, идеална вечера вклучува протеини, масти, цели зрна и овошје и зеленчук.
„Идеалната вечера може да варира во зависност од индивидуалните потреби, здравјето и нивото на активност. Сепак, генерално, за вечера комбинирајте извор на протеини како мисирка, риба, сирење со малку маснотии, јајца, тофу, мешунки. Додадете цели зрна како кафеав ориз, просо, киноа, леб од цели зрна и овесна каша и не заборавајте да вклучите свеж или варен зеленчук и овошје и добри извори на масти како маслиново масло, семиња и јаткасти плодови“, вели нутриционистката.
Сепак, некои намирници му штетат на квалитетниот сон и не се идеални за конзумирање навечер. Оваа група вклучува претерано солена, слатка и масна храна.
„За да обезбедите непречен ноќен сон, треба да избегнувате големи количини храна, храна богата со масти, шеќер и сол. Тешко сварлива вечера може да го отежне сонот и да предизвика потешкотии во варењето. Многу зачинетата храна, кофеинот во кафето, чајот, енергетските пијалоци или чоколадото и алкохолот може да го стимулираат нервниот систем и да го отежнат спиењето“, вели таа.
Нутриционистката објасни и дека има намирници кои се многу добри за квалитетен сон.
„За проблеми со спиењето, корисно е последниот оброк да содржи храна богата со триптофан. Триптофанот е амино киселина која помага во производството на серотонин и мелатонин, хормони кои го регулираат спиењето. Го има во протеинската храна, а најдобри извори се јајцата, пилешкото, мисиркиното, рибата, сирењето, сојата, оревите, семките од сончоглед и тиквата“, заклучи таа.
Извор: Нет.хр