И вечерва протести во Србија: Во кои градови се најавени собирања?

Протестите во Србија продолжуваат и вечерва. Граѓани и студенти ќе се собираат во Нови Сад, Ниш, Лесковац, Крушевац и Инџија, со пораки против владејачката партија.

Протестите во Србија продолжуваат и вечерва, а собирања се најавени во неколку градови, меѓу кои се Ниш и Нови Сад.

Да потсетиме, и во саботата имаше протести во многу градови низ Србија, а во Ваљево дојде и до инциденти.Граѓани и студенти повторно ќе излезат на улиците вечерва, со протести најавени во повеќе градови.

Според информациите на Nova.rs, досега се познати местата и времињата на собирање за Нови Сад, Ниш, Крушевац, Лесковац и Инџија.

Во Лесковац, протестот започнува во 20:00 часот, а повикот доаѓа од студенти, ученици и активистички групи.

Во Крушевац, граѓаните ќе се соберат на Плоштадот на глумците исто така во 20:00 часот.

Во Инџија, протестот ќе се одржи на Плоштадот на слободата со почеток во 20:00 часот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни