И турското кафе има свој ден

Од 2013-та година турското кафе се наоѓа на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, а 5 декември е „Светски ден на турското кафе“

Турското кафе се прави од висококвалитетни зрна кафе со потекло од Бразил и Централна Америка, во повеќето случаи се пече полека, а потоа се меле многу многу фино. Ова кафе е еден од незаменливите елементи на културното наследство на традиционалната турска кујна.

Шоља турско кафе за почеток на денот, напладне или по вкусен ручек. Се верува дека овој вид напиток е меѓу најконсумираните видови кафе во светот, заедно со еспресото.

Кафето се служи во мали чаши заедно со чаша вода. Самата традиција е симбол на гостопримство и пријателство. Талогот оставен во празната шолја често се користи за да се предвиди судбината на една личност. Кафето е толку суштинско во турската култура што дури и „kahvaltı“ (појадок) буквално се преведува како „оброк пред кафе“.

Се верува дека турското кафе било внесено во Истанбул од Јемен во 1543 година од Оздемир Паша, кој бил валија на Јемен. За многу кратко време, благодарение на трговците, патниците и дипломатите кои го посетиле Истанбул, турското кафе прво се проширило во Европа, а потоа и во целиот свет.

Според податоците на Универзитетот Ајдан во Истанбул, во последните години има значително зголемување на потрошувачката на турско кафе во Турција. Додека во 2011 година просечната годишна потрошувачка на кафе по лице во земјата била 350 грама, во 2021 година потрошувачката тројно се зголеми на 1,1 килограм по лице.

На 5-ти декември секоја година се одбележува „Светскиот ден на турското кафе“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни