Третото издание на AI Tech Summit ќе се одржи во периодот од 30. септември до 1. октомври во Националната опера и балет и ќе биде псоветено на Филип Аврамчев, идејниот творец на самитот.
“Оваа година, самитот има едно посебно значење за сите нас и истиот е посветен на нашиот Филип Аврамчев. На човекот кој е идеен творец на овој настан, кој живееше и пулсираше за да направи нешто подобро и да овозможи повеќе за својот град“ велат организаторите.
Во време кога вештачката интелигенција не само што ги менува индустриите, туку и начинот на кој живееме, AI Tech Summit во Скопје се позиционира како најголем регионален настан посветен на AI технологиите. Самитот обединува светски експерти, технолошки гиганти и локални визионери а меѓу нив беше и Филип Аврамчев, еден од неговите основачи и креативни двигатели.
„Вештачката интелигенција е огледало на човештвото денес,“ ќе изјави Аврамчев, нагласувајќи ја потребата за етичка и општествена рамнотежа во развојот на технологијата.
На последното издание во Скопје, кое се одржа во Националната Опера и Балет, присуствуваа над 700 учесници и 25 говорници од компании како Google, Microsoft, BBC и BCG. Панелите опфатија теми од AI во банкарство и индустрија, до правни и етички дилеми, а атмосферата беше исполнета со вмрежување, иновации и инспирација.
Филип Аврамчев не беше само организатор, тој беше гласот што ја води дебатата за иднината на AI во Македонија. Како модератор на дебати во Францускиот институт и иницијатор на регионални партнерства, тој активно работеше на доближување на технологијата до јавноста, но и на стратегиско позиционирање на земјата во глобалниот AI дискурс.
„Нашата визија е AI Tech Summit да прерасне во глобален технолошки настан и да го води дискурсот за вештачката интелигенција,“ велеше Аврамчев по успешното прво издание.
Сите заинтересирани можат да купат влезници по пониски цени. Early Bird понудата ќе трае до 31. август