И премногу протеини не се на арно, можат да му наштетат на здравјето

Во ера на протеински шејкови, чоколадни плочки и житарки, лесно е да се изгуби чувството за вистинската мерка
Фото: Smastronardo, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Протеините се неопходни за создавање мускули, одржување на енергијата и регенерација на телото. Меѓутоа, во ера на протеински шејкови, чоколадни плочки и житарки, лесно е да се изгуби чувството за вистинската мерка.

Колку протеини навистина ни се потребни и кога претерувањето со нив станува штетно? Препорачаниот дневен внес е 0,8 грама по килограм телесна тежина, но многу стручњаци советуваат повисок внес за активни лица, бремени жени и оние кои се во фаза на опоравување или слабеење.

Нутриционистките Ерин Дејвис и Дон Џексон Блатнер истакнуваат дека протеините треба да сочинуваат приближно 10 до 35 отсто од вкупниот дневен внес на калории за да има простор за здрави јаглехидрати и масти, пишува Index.hr.

Прекумерен внес на протеини и здравствени ризици

Ако во последно време претерувате со протеински грицки, еве неколку причини зошто треба да бидете внимателни:

Ги занемарувате другите важни хранливи материи
Диетите со висок протеински внес често ги потиснуваат намирниците како овошје, зеленчук и интегрални житарки.

Ова може да доведе до недостаток на влакна, витамини и антиоксиданси, што на крајот може да го ослабне имунитетот и варењето, објаснува Блатнер.

Штети на здравјето на цревата
Животинските протеини како месо, риба и јајца не содржат влакна.
Прекумерното консумирање на вакви намирници може да ја наруши рамнотежата на цревната флора. Поради тоа, вклучете и билни извори на протеини – леќа, грав, јаткасти плодови и семки, пишува EatingWell.

Го зголемува оптоварувањето на бубрезите
Нутриционистката Кајла Фарел објаснува дека висок внес на животински протеини може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите:

„Животинските протеини ја зголемуваат количината на киселина во урината, што може да доведе до создавање камења во бубрезите, кои настануваат од соли, отпадни производи од протеини и калиум.“
Ако имате проблеми со бубрезите или сте во ризична група, задолжително консултирајте се со нутриционист.

Ризик од срцеви заболувања
Црвеното и преработеното месо содржи многу заситени масти и сол.
Редовната консумација може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, истакнува Фарел. Наместо тоа, избирајте пилешко, риба или протеини од растително потекло.

Поголем ризик од рак
Според Американскиот институт за истражување на рак, консумирањето повеќе од 350 до 500 грама црвено месо неделно може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево.

Преработеното месо, како што се салами и колбаси, исто така е поврзано со поголем ризик од неколку видови рак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни