Пред девет дена група студенти од Нови Пазар пеш тргна на пат до Нови Сад со цел таму да стигнат на големиот собир закажан за први ноември, на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица.
Девет дена и по десеттици километри поминати дневно, студентите немаа никава полициска заштита, ниту пак безбедносна претходница.
Но синоќа, пред влезот во населеното место Косјериќ, полицијата им се придружи но не да ги заштити, туку среде ноќ да изврши претрес на комбето што го следи по патот.
По половина час полициско малтретирање, студентите беа преземени од граѓани на Косјериќ по што триумфално влегоа во градот каде беа дочекани како херои.
Утрово, тие беа испратени со петиција потпишана против началникот на полицијата Косјериќ. Ги очекуваат уште девет дена пешачење, а главната порака е дека никој не ги заплашил и дека ќе стигнат до Нови Сад.
„Целта беше да нè заплашат, но не нè заплашија, имаме уште повеќе енергија. Можам да им се заблагодарам на жителите на Косјериќ и можам да кажам дека никогаш не сме се чувствувале побезбедно“, рече студентката Инес Хоџиќ.
Во наредните денови, студентите велосипедисти од Ниш исто така се упатуваат кон Нови Сад, а студентите од Белград на прошетка до Нови Сад ќе тргнат в петок, на 31 октомври.
