И покрај тоа што цените на такси услугите растат, да најдеш такси во главниот град е премија на лото

Нови тарифи за такси услугите во Скопје: Што е ново и што треба да знаете

Градскиот совет на Скопје има усвоено три тарифи за такси услугите, со цел да се адаптираат со тековните економски услови, особено со промените во цените на горивото. Овие промени имаат директно влијание врз патниците и самите такси возачи.

Постојат три тарифни категории кои се одредени врз основа на актуелната цена на горивото:

Прва Тарифа

  • Стартна цена: 40 денари
  • Секој изминат километар: 25 денари
  • Валидност: Кога цената на горивото е до 75 денари за литар.

Втора Тарифа

  • Стартна цена: 50 денари
  • Секој изминат километар: 30 денари
  • Валидност: Кога цената на горивото е од 75,50 до 119,50 денари за литар.

Трета Тарифа

  • Стартна цена: 60 денари
  • Секој изминат километар: 35 денари
  • Валидност: Кога цената на горивото е над 120 денари за литар.

Цените во предложените тарифи се оптимизирани со цените на горивата, при што предвид се земени и финансиската моќ на корисниците на услугите, пазарните услови, општата економска состојба на државата, како и финансиската исплатливост во дејноста, се наведува во образложението на предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за автотакси-превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и се додава дека причина за пристапување кон предложените измени е зголемувањето на цената на горивата, како и официјалните барања доставени до Град Скопје од страна на такси-компании и здруженија.

Усвојување и стандардизација

Додека дел од такси компаниите веќе ги усвоиле новите цени, особено третата тарифа, постојат извесни недоследности. Некои компании сè уште возат по средната или старата цена, што предизвикува конфузија меѓу патниците.

Една од главните кочници во имплементацијата на новите тарифи е такси компанијата Рива, која изразила несогласност да ги примени новите цени.

Во разговор со такси возач од компанијата Панорама, тој истакна дека само мал дел од такси компаниите сè уште возат по старите цени. Панорама е една од нив. Меѓутоа, веќе има компаниии кои ги примениле новите цени, а некои од нив стигнуваат и до 39 денари за километар.

За патниците, ова значи дека цените за такси услугите ќе бидат повисоки. На пример, ако досега плаќавте 160 денари за одредена релација, сега ќе треба да платите околу 185 денари.

Многу такси компании во Скопје се соочуваат со сериозен проблем во поглед на квалитетот на нивниот возен парк. Возилата често се стари и во лоша состојба, со расипани прозорци, скинати седишта, и валкани кои често мирисаат лошо. Ова не само што е неудобно за патниците, туку и претставува ризик за нивната безбедност. Патниците често изразуваат незадоволство поради тоа што им е буквално грозно да седнат во такви возила, што ја намалува нивната доверба во такси услугите. Стандардизацијата на возилата е неопходна за да се обезбеди минимален квалитет на услугите кои се нудат.

Разлика меѓу лиценцирани и диви такси превозници

За да се избегнат проблеми, важно е да се знае како да се разликуваат лиценцираните од дивите такси. Лиценцираните такси имаат:

  • Жолти таблички
  • Лиценца на шофершајбната

Дивите такси, од друга страна, имаат бели таблички.

Според изјавите на такси возачите, не се очекува значајно намалување на прометот. Таксистите велат дека постојано има повеќе побарувања од достапни такси возила, што значи дека новите цени не треба да имаат значајно влијание врз бројот на патници.Оваа новина претставува значајна промена во начинот на кој функционира такси индустријата во Скопје, и патниците треба да бидат свесни за овие промени за да можат да планираат своите патувања соодветно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни