И покрај Св. Валентајн, феврурари не е најпопуларниот месец за запросувања

Во одредени месеци од годината, бројот на запросувања и веридби е зголемен, при што февруари, за многумина изненадувачки – не е најпопуларен месец за овој свечен чин.

Планерката за венчавки Кија Мари за списанието „Брајдс“ (Brides) вели дека декември е посебно исполнет со љубов, славење и убави спомени.

„Тогаш некаде, двојките го прават следниот голем чекор во нивното заедничко патешествие. Всушност, сегашниот „временски прозорец“ на свршувачките трае околу три месеци – од крајот на ноември до почетокот на февруари. Тоа се смета за најпопуларен период од годината за овој чин… Иако запросувањето може да се случи во секое време од годината, еден месец се издвојува како најпопуларен, а тоа е – декември!“, нагласи планерката.

Празничната атмосфера, се чини, ги инспирира мажите да ја запросат својата девојка. Освен тоа, кога двојките обично сакаат да ги споделат своите среќни вести со семејството, пријателите и саканите, тоа најлесно се прави за време на празниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни