Не може да се добијат повеќе информации за најголемата змија во светот откриена во дождовната шума на Амазон, дури и по една година,откако беше откриена на почетокот на 2024 година.
Суштеството, опишано „дебело како автомобилска гума“, го откриле научникот, професорот Фрик Вонк и неговите колеги. Тој објави дека рептилот тежи над 200 килограми.
Колосалната змија воодушеви илјадници корисници на социјалните мрежи откако неверојатното откритие го сподели со своите следбеници на Инстаграм. Тој истакна дека тоа е една од најголемите змии што некогаш ги видел, опишувајќи ја како „чудовиште“.
„Со уште 14 научници од девет земји денеска открив нов вид змии од Амазон. И не само еден. Огромна змија. „Откривме дека зелените анаконди се всушност два вида“, рекол Вонк тогаш, пишува LAD Bible.
Тој исто така објасни дека зелените анаконди кои живеат во северниот дел од нивниот опсег во Јужна Америка (вклучувајќи ги Венецуела, Суринам и Француска Гвајана) се сосема поинаков вид.
„Иако на прв поглед изгледаат речиси идентично, генетската разлика меѓу нив е 5,5 отсто, што е многу. За паралела: луѓето и шимпанзата се само околу 2 отсто генетски различни едни од други“, објасни тој.
Вонк, претходно има откриено уште еден вид на змија, опишувајќи ја како ‘мала змија’ од Австралија. Сепак, како што истакна самиот ‘ова откритие е врвот на неговата научна кариера’.
Холандскиот професор, кој е и ТВ водител, го искористи откритието за да го нагласи влијанието на климатските промени врз областа каде што живее рептилот, велејќи дека се наоѓа под голем притисок од климатските промени и тековното расчистување на примарните дождовни шуми.
„Повеќе од една петтина од Амазон веќе исчезна, што е повеќе од 30 пати поголемо од Холандија. Опстанокот на овие легендарни џиновски змии е неразделен од заштитата на нивното природно живеалиште. „Нашата студија нагласува колку ефикасни треба да бидеме во најголемата тропска прашума во светот“, рече тој.