И официјално Тејлор Свифт е најбогата музичарка на светот

Тејлор Свифт официјално стана најбогатата пејачка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари.
Фото: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Оваа вест ја потврди и Форбс, истакнувајќи дека американската пејачка станала милијардерка по големиот успех на минатогодишната турнеја Ерас. Тејлор ја престигна Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.

„Нејзиното богатство вклучува 600 милиони долари од турнеи и хонорари, 600 милиони долари од вредноста на нејзиниот музички каталог и 125 милиони долари од инвестиции во недвижнини“, според Форбс.

Со титулата за најбогата пејачка или музичар, Тејлор сега е на второто место на вкупната листа на најбогати музичари, веднаш зад Џеј Зи, чие богатство се проценува на 2,5 милијарди долари.

Според Форбс, Тејлор Свифт се разликува од другите милијардери бидејќи не го акумулирала своето богатство преку профитабилни споредни бизниси, како што се брендови за убавина и модни линии. Свифт е првата музичарка која ја проби магичната бариера од 1 милијарда долари исклучиво преку пишување песни и изведба.

Во 2020 година, нејзиното нето богатство се проценуваше на 365 милиони долари, што значи дека собрала повеќе од 1,2 милијарди долари во изминатите четири години.

Тејлор Свифт е најголемата поп ѕвезда во светот. Минатата година, магазинот Тајм ја прогласи за личност на годината.

„Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот. И ова е најкреативната, најисполнетата и најслободната фаза во мојот живот”, изјави Тејлор откако беше прогласена за личност на годината.

Тејлор Свифт доби слични признанија од списанието People, кое ја прогласи за најинтригантна личност во 2023 година. Нејзините вештини за пишување песни и деловна острина дури поттикнаа да се започнат курсеви за неа, вклучувајќи ги и оние на универзитетите Стенфорд, Калифорнија, Беркли и Харвард.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни