И официјално Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед

Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година и во Манчестер дојде за 76,5 милиони евра

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб.

Јунајтед го победи Њукасл во борбата за потписот на словенечкиот репрезентативец, а според изворите Шешко сам одлучил да се приклучи на “Црвените ѓаволи” и покрај можноста да игра во Лигата на шампиони со Њукасл идната сезона.

Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година. Тој дојде во Манчестер за 76,5 милиони евра, плус уште 8,5 милиони преку бонуси, објавува Би-Би-Си.

“Во изминативе две сезони, Шешко постигна повеќе голови од било кој друг млад играч до 23 години во една од најдобрите пет лиги во Европа. 22 годишниот играч постигна 21 гол и забележа шест асистенции за РБ Лајпциг само во изминатата година”, се вели во официјалното соопштение на клубот.

“Историјата на Манчестер Јунајтед е многу специјална, но она што ме прави возбуден е иднината”, изјави Словенецот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни