И Малта ќе ја признае државата Палестина

Малта официјално го информираше палестинскиот претседател Махмуд Абас за одлуката за признавање на државата Палестина за време на конференција на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Малта официјално го информираше палестинскиот претседател Махмуд Абас за одлуката за признавање на државата Палестина за време на конференција на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Постојаниот секретар во Министерството за надворешни работи на Малта, Кристофер Кутахар, му го предаде официјалното писмо на премиерот Роберт Абела на палестинскиот амбасадор во Малта, Фади Хананија, во кое се потврдува одлуката на неговата земја да ја признае Палестина, објави Вафа.

Во писмото, Абела ја повтори „цврстата поддршка“ на Малта за правата и аспирациите на палестинскиот народ и потврди дека ќе го формализира признавањето на палестинската државност за време на 80-тата сесија на Генералното собрание на ОН.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни