И македонските граѓани во петок ќе ги бојкотираат големите маркети

На социјалните мрежи масовно се шири повик за бојкот на големите ланци на маркети во петок на 31. јануари, поради високите цени на производите.

Повикот упатен до македонските граѓани е под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.

Во повикот за кој засега нема организатор пишува:

„Стоп за високите цени на храната по маркетите,стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот. Да се здружиме сите заедно бидејќи нема кој да не заштити“, оваа е главната порака на која ќе наидене на Фејсбук групата: „ БОЈКОТ!!! СТОП ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА!!!

Реакцијата на граѓаните на социјалните мрежи е позитивна. Дел од нив сметаат дека таа треба да биде на подолг рок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни