И легендарниот спикер Благоја Крстевски беше на „Златната Бубамара“

Под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ во арената „Борис Трајковски“ се одржа 28. издание на најпопуларната манифестација на домашната сцена, Златна Бубамара на популарноста 2025. На сцената поминаа околу 100-ина учесници од земјата и од регионот.

Меѓу гостите беа видени многу драги лица за македонската публика. Еден од нив е и легендарниот македонски спикер кој во април ќе полни 78 години.

Тој со својата сопруга во живо го следеа доделувањето на наградите „Златна Бубамара“

Благоја Крстевски беше еден од бројните познати личности кои во средата во живо ја проследија манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни