И културата во Србија во блокада!

Блокадата ја организирале уметниците кои претходно на Инстаграм профилот “Култура во блокада”, новооснована иницијатива на уметници и работници во културата, објавиле дека се собираат поради “долгогодишното деградирање и маргинализирање на културата”. Оваа иницијатива исто така соопштила дека е во солидарност со студентите и целосно се залага за исполнување на сите нивни барања.

Драмски, ликовни и музички уметници, како и работници во секторот култура, вчера ја блокирале на неколку часа зградата на Министерството за култура на Србија во Белград. Насобраните го изразиле своето незадоволство со свирење на свирчиња и транспаренти со натписи “Култура во блокада”, “Доаѓа ново време” и “Сите власти во пленуми”.

На собирот се одржал и петнаесетминутен молк за настраданите во падот на бетонската надстрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Блокадата ја организирале уметниците кои претходно на Инстаграм профилот “Култура во блокада”, новооснована иницијатива на уметници и работници во културата, објавиле дека се собираат поради “долгогодишното деградирање и маргинализирање на културата”. Оваа иницијатива исто така соопштила дека е во солидарност со студентите и целосно се залага за исполнување на сите нивни барања.

Тие исто така напоменале дека се солидарни со просветните работници и земјоделците, додавајќи дека по учеството во генералниот штрајк и прекинот на работата, бројни институции и поединци се на удар од властите и Министерството за култура “кои започнале да испраќаат инспекции и да застрашуваат луѓе”.

Министерот за култура, Никола Селаќевиќ, реагирајќи на протестот, изјавил дека буџетот на Министерството “само во однос на минатата година е зголемен за 17 проценти”.

Наведувајќи дека состојбата во културата треба да се подобри, Селаќевиќ во видео обраќање на Инстаграм рекол дека тоа е можно само “ако на чело на државата имаме сериозни луѓе како што е претседателот Александар Вучиќ и сериозна и стабилна српска Влада која ќе ја води и српската културна политика”.

Во Србија се во блокада повеќе од 60 факултети, додека студентите бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад.

Властите тврдат дека барањата на студентите се исполнети, но академиците тоа го одбиваат и продолжуваат со протестите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни