Виктор Апостоловски: Ѝ должам извинување на жена ми

Виктор Апостоловски, име и презиме кои пред повеќе од една деценија и станаа познати на македонската и балканската музичка сцена преку музичкиот натпревар Македонски идол. Но и по толку време Апостоловски е атрактивен и интересен за публиката, не само на поле на музиката туку и преку своите видеа на Инстаграм. За себе вели дека е пејач, музичар, композитор, продуцент, видеограф, монтажер, уредник, муабетџија и т.н… Но кога го прашавме зошто сите овие работи се негово секојдневие и самиот немаше објаснување. Едноставно рече: „Веројатно љубовта кон музиката и се што е поврзано со неа, а и животот во едно вакво општество, по еден природен пат ме натера да го изучам сето ова и да уживам во својата работа“.

Трн: Новинарите често поставуваат едни исти прашања, има ли вистина во тоа?
Виктор: Кој? Новинарите?! Исти прашања?! Муабети! Кај се видело таква работа?!

Трн: Колку често знаеш да си речеш: „Веќе не сакам сите да ме знаат“ или сакаш да те поздравуваат на улица?
Виктор: Па, иако то би била олеснувчка околност за многу работи, сепак, не се сеќавам кога последен пат сум помислил на тоа. Веројатно знам да уживам во секој аспект од животот.

Трн: Ти сметаше ли додворувањето поради популарноста? Кој виктор повеќе го сакаа, тој од Идол или тој од Битола?
Виктор: Секако дека не. Па ако збораме по бројност, победува Виктор од Идол. Ако збораме по квалитет, обем и сила на љубов, тогаш овај женетиот Виктор победува! 😁

Трн: Возрасните се само големи деца, какво детство имаше Виктор?
Виктор: Преубо! 😁 И сеуште има преубо детство, благодарејќи на професиите. Отсекогаш бил среќно дете и мислам дека стално ќе биди! 😁

Трн: Кога беше најсреќен?
Виктор: Секогаш во моментот во кој сум живеел! Вчера бев најсреќен вчера, сега сум сега, а утре ќе бидам утре!

Трн: Со овој памет би бегал ли од часови или ако не бегаше зошто?
Виктор: Па не е дека нешто многу сум бегал, не за друго, туку заради то шо го учев то шо сакав да го учам и гледав да запамтам шо се збора на час за да не мора Многу дома да си ја тупам главата. Ама со овај памет, можда некогаш и почесто би киднувал! Пошто многу од работите што сме присилени да ги учиме. Немаат ама буквално никаква практична вредност нити употреба во вистинскиот живот.

Трн: Од секогаш ли имаше течна мисла?
Виктор: Даааа! Водопад! Крај да нема муабетот. Без разлика дали е поезија, проза или обичен муабет.

Трн: На кого би му се извинил?
Виктор: На сите, а најмногу на жена ми! Не оти има причина, туку така чисто информативно. Ако некогаш влезам со се чевли дома – се извинувaм.

Трн: Што најчесто во порака ти пишуваат машки, а што женски Инстаграм пријатели?
Виктор: Денешно време:
Машките: Топ ти се видеата брат! Кај ти текнува! Се пронајдов!
Женските: 😂

Трн:Ако можеше да смениш нешто со еден потег, кој потег и за што би го употребил?
Виктор: Би напрајл луѓето да се сакат малку поќе меѓу себе! Во поштенското снадаче! Да не е “да му умре козата на комшијата” најпопуларна наша поговорка.

Трн: Одговори го уште еднаш првото прашање: Новинарите често поставуваат едни исти прашања, има ли вистина во тоа?
Виктор: Кој? Новинарите?! Исти прашања?! Муабети! Кај се видело таква работа?!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни