„Дрим Шорт“ фестивал
И на четвртиот ден од фестивалот љубителите ќе можат да проследат богата програма.
Покрај проекциите во Паркот на поезијата, денеска ќе се проектираат и филмовите во
склоп на холандската вечер, соработка со фестивалот „Гоу Шорт“. Ќе се
реализира и еко-филмската програма во соработка со „Еко-свест“ во Јуроп Хаус
Струга. По сите проекции ќе се одржи церемонија со доделување на наградите и
официјално затворање на фестивалот со музичка програма – диџеј сет на Андреј
Мицајков во Барабар.
Од 7 до 10 август, Паркот на поезијата, Europe House и други локални локации се претворија во сцени каде што кратките филмови, разговорите и музиката се спојуваат во едно искуство на уметност и заедништво.
Вo продолжение се наоѓа програмата и распоредот за четвртиот, последен
фестивалски ден на деветтото издание на „Дрим Шорт“ во Струга.

Програма за 10 август (недела)
Локација: Europe House Struga
10:00 Работилница за филмска критика Соочување со минатото
16:00 Свесно кино: Во соработка со Еко-свест – Проекции + дискусија
18:30 Холандска вечер: Филмови, дискусија, коктел
Локација: Парк на поезијата, Струга
20:30 Проекции на филмови
Регионална програма
Мароко – Сташа Бајац, 20′, RS
Светли летни денови – Невена Десивојевиќ, 14′, PT, RS

Меѓународна програма
Пролет 23 – Жиии Ванг, 13′, CN
Сузана – Амандин Томас, Герардо Коело Ескаланте, 15′, US, МХ
Специјална програма „Соочување со минатото“
Ние бевме пејзажот – Кристофер Радклиф, 15′, US
Национална програма
Избор – Марко Црногорски, 17′, МК
22:15 Церемонија на доделување награди
Локација: Мезе Бар Барабар
22:30 ОФФ Музичка програма: Диџеј сет Андреј Мицајков

Влезот за сите настани е бесплатен.Деветтото издание на „Дрим Шорт“ е овозможено со поддршка оd: ПроПис Северна Македонија, Агенција за филм на Северна Македонија, Холандска амбасада во Скопје, Јуроп Хаус Струга, Општина Струга, Трим и Лум, Екосвест, Хотел Дрим, Струшки вечери на поезијата, АКВА
Струга, НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга, Интероптик Струга Мезе Бар Кингстон,
Мезе Бар Барабар и кафе бар Дуќан. Официјалните медиумски партнери на
фестивалот се ТРН мк, ФИЛМ+ и Плеј Радио.