И BMW со намалена продажба на автомобили во 2024 година

BMW лани продал 2.450.804 автомобили, што е за четири проценти помалку отколку во претходната година

Германскиот производител на луксузни автомобили BMW соопшти во понеделник дека во 2024. година продал помалку автомобили, надоврзувајќи се на послабите резултати на домашните конкуренти на кинеското пазариште.

BMW лани продал 2.450.804 автомобили, што е за четири проценти помалку отколку во претходната година. Намалените испораки се припишуваат на слабеењето на економскиот раст во Кина, најголемиот светски пазар за автомобили, но и на слабата побарувачка во матичната Германија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни