И Бен знае да се смее

Фото објективот на „Насмевни се“ денеска налета на големата насмевка на Бен, куче старо три години, кое живее во Скопје. Неговите омилени нешта ни ги пренесе неговата чуварка Стефани.

„Бен сака да дреме, ама сака и секојдневни долги прошетки. Ако го прашате зошто има толкава насмевка сигурно ќе ви каже дека е заради мене“- се смееше и Стефани додека ни зборуваше за нејзиниот домашен миленик.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни