И адвокатот му сврти грб на Диди

Пи Диди се соочува со нов проблем, бидејќи се чини дека и неговите адвокати му го вртат грбот.
Фото: The Cable Show/Flickr

Имено, според странските медиуми, Пи Диди останува без адвокат, бидејќи Ентони Рико се повлекува од неговиот адвокатски тим, со една многу необична изјава.

Во барањето за повлекување поднесено во Њујорк, Рико изјави дека „под никакви околности не може да продолжи ефективно да дејствува како адвокат на Шон Комбс“.

Тој исто така додава дека разговарал со главниот советник Марко Агнифило пред да го поднесе барањето за оставка.

Рико не сакаше да даде никакви детали, туку само откри дека за се биле информирани државните правобранители.

Неговото повлекување нема да резултира со одложување на судењето кое е закажано за мај.

За потсетување, 55-годишниот хип-хоп магнат е во затвор од септември минатата година, а се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Освен тоа, тој е обвинет и за силување, сексуален напад и дрогирање на своите жртви, а во бројните тужби против него се споменуваат и неговите „freak off“ забави, на кои тој, наводно, ги снимал своите жртви без дозвола.

На истите настани тој наводно „удирал, фрлал предмети и ги влечел своите жртви“ и ги изложувал на „физичко, емоционално и вербално насилство“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни