Ијан Мекелен потврди: Фродо и Гандалф се враќаат во новиот „Господар на прстените“

Иако Warner Bros сè уште официјално не потврдил дали сер Ијан Мекелен ќе се врати во светот на Средната земја, легендарниот британски актер веќе откри интересни детали за новите филмови од франшизата „Господар на прстените“.

Мекелен изминатиот викенд учествуваше на настанот For The Love Of Fantasy во Лондон, каде што на сцената му се придружија колегите од оригиналната трилогија: Илајџа Вуд (Фродо Бегинс), Шон Астин (Семвајз Гемџи), Били Боид и Доминик Монахан.

Според Deadline, Мекелен за време на панелот потврдил дека ликовите Гандалф и Фродо ќе се појават во претстојниот филм „Господар на прстените: Лов на Голум“ (The Lord of the Rings: The Hunt for Gollum), кој ќе го режира Енди Серкис. Првиот од двата планирани филма треба да има премиера на 17 декември 2027 година. Актерот откри и дека продукцијата ќе започне во мај следната година.

„Чувам дека ќе има уште еден филм сместен во Средната земја, а снимањето почнува во мај. Ќе го режира Голум и целата приказна ќе биде за Голум“, изјави Мекелен.

Тој додаде со мистериозен тон: „Ќе ви кажам две тајни за актерската екипа – во филмот постои лик по име Фродо и постои лик по име Гандалф. Тоа е сè што можам да ви откријам.“

Ќе се вратат ли старите актери во своите улоги?

Мекелен не потврди дали тој и Илајџа Вуд повторно ќе ги толкуваат своите култни улоги, но во претходни изјави нагласил дека има желба повторно да се појави како волшебникот Гандалф.

„Интересот за ‘Господар на прстените’ не исчезнува… Не можам да откријам ништо повеќе. Само знам дека ќе има нови филмови и дека Гандалф ќе биде вклучен, а се надеваат дека јас ќе го играм“, рече минатата година.

Повторно собирање на оскаровскиот тим

На новите филмови повторно ќе работи оскаровскиот тим кој стоеше зад трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“. Питер Џексон, Френ Волш и Филипа Бојенс ќе бидат продуценти на двата нови филма за Warner Bros. Pictures и New Line Cinema.

Волш и Бојенс, заедно со Фиби Гитинс и Арти Папагеоргиу, го пишуваат сценариото, а продуцентската екипа ја засилува и Зајн Вајнер.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни