Хутите од неделата наутро заробија најмалку десет вработени во организации на Обединетите нации во главниот град Сана, изјави во понеделникот извор близок до уапсените.
Сите се Јеменци кои работеле за Светската програма за храна (WFP), Програмата за развој на ОН (UNDP), Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош (OCHA) и Службата за безбедност на ОН (UNDSS).
Хутите ги опколиле станбените области и влегле во нивните домови во Сана, рече изворот.
Проиранските милитанти, кои ја контролираат Сана и голем дел од северен Јемен, претходно киднапираа работници на ОН и други хуманитарци, од кои некои се држат во заробеништво повеќе од три години.
Хутите ги обвинуваат вработените во ОН дека шпионираат за САД.