Хуманоидниот робот на Тесла, Оптимус, со импресивни јога вештини

„Tesla“ сподели фасцинантно видео од својот хуманоиден робот Оптимус, кој врши разни задачи вклучувајќи и вежбање јога и самостојно сортирање на коцки по бои. Видеото најпрво ја покажува способноста на роботот да сортира предмети со леснотија и брзина како човек.

Кога човек интервенира за да создаде дополнителна сложеност, роботот ќе може брзо да се приспособи на таа промена и успешно да ја изврши задачата.

Оптимус потоа изведува јога позиции кои бараат стоење на една нога и ги исправува своите екстремитети, покажувајќи ги својата рамнотежа и флексибилност.

Во описот на видеото стои: „Оптимус сега може самостојно да сортира објекти. Неговата невронска мрежа е тренирана во целост од почеток до крај. Придружете ни се и помогнете во развојот на Оптимус“.

Корисниците на интернетот биле импресионирани од способностите на роботот.

„Намасте“, „Неверојатен напредок“, „Како инженер, тотално сум воодушевен од сите детали кои овозможуваат ова да се постигне“, гласат некои од коментарите.

Извор: wionews.com

Најново

Последни колумни