Хуманитарна криза во Газа: ОН доставија рекордна количина помош

Повеќе од 24.000 тони хуманитарна помош на ОН пристигнаа во Газа од почетокот на прекинот на огнот, соопшти Рамиз Алакбаров

Повеќе од 24.000 тони хуманитарна помош на ОН пристигнаа во Газа од почетокот на прекинот на огнот, објави денес заменик-специјалниот коорвдинатор на ОН за палестинските територии, Рамиз Алакбаров, и ги повика невладините организации да се вклучат во дистрибуцијата на помошта.

„Од почетокот на прекинот на огнот, доставивме повеќе од 24.000 тони помош преку сите гранични премини и ја рестартиравме дистрибуцијата на помош и до заедниците и до индивидуалните домаќинства“, рече Алакбаров, објави „Тајмс оф Израел“.

Иако обемот на помош е значително поголем во споредба со периодот пред примирјето, хуманитарците сè уште се соочуваат со недостаток на средства, според ОН, забележувајќи дека има и проблеми во координацијата со израелските власти.

Регионалниот директор на Светската програма за храна за Блискиот Исток, Самер Абделџабер, додаде дека во текот на 20-дневната интензивна дистрибуција од почетокот на прекинот на огнот во Газа, собрани се околу 20.000 тони храна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни