Хуманитарен концерт во Белград за жртвите на трагедијата во Кочани

Уметничкиот концепт кој ќе биде прикажан вечерва во Белград носи наслов Мевлем, што може да се преведе како балсам – зборот се однесува на концепт кој создава простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста.


Во знак на сеќавање на жртвите на трагедијата во Кочани, вечерва ќе биде одржан хуманитарен концерт во белградската установа за култура Пароброд. Ова ќе биде уште една прилика за солидарност со жртвите на трагедијата, нивните семејства, но и со граѓаните на Северна Македонија, пренедуваат медиумите во Србија.

На концертот ќе настапат музичари кои го носат уметничкиот концепт „Мевлем“. Еден од нив, Марко Виденовиќ во изјава за N1 им се заблагодарил на сите Срби за сè што направиле во овие тешки денови за Северна Македонија и Кочани.


„Сите сме уште во шок и голема е тага и не знам дали наскоро ќе можеме да се опоравиме од сè ова. Ова е страшна трагедија која оставува голем траг, голема тага кај сите нас, така што е тешко“, вели Виденовиќ.

Уметничкиот концепт кој ќе биде прикажан вечерва во Белград носи наслов Мевлем, што може да се преведе како балсам – зборот се однесува на концепт кој создава простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни