Хулигани денес протестираат во Сплит, синоќа дивееле низ Загреб

Синоќа, група од 50 до 100 маскирани мажи најверојатно навивачи на Динамо Загреб, се собрала пред Српскиот културен центар во Загреб

За денеска од 11 часот во Сплит закажан е протест на навивачката група Торцида, поради апсењето на маскираните мажи кои упаднаа во Деновите на српската култура во населбата Блатин.

Градоначалникот на Сплит, од редовите на ХДЗ, Томислав Шута, ѝ дал дозвола на Торцида да го користи пристаништето, а министерот Давор Божиновиќ изјави дека протестот не треба да се регистрира, иако законот вели поинаку, пренесува порталот Индекс.хр

Синоќа, група од 50 до 100 маскирани мажи најверојатно навивачи на Динамо Загреб, се собрала пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што започнале Деновите на српската култура со изложба  за Дејан Медаковиќ.

Тие пееле „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и „Зови, само зови“, а полицијата ги проверувале нивните лични карти и ги следела по околните улици; градоначалникот Томислав Томашевиќ го осуди собирот најостро, велејќи дека „вечерва во Загреб се славеше НДХ“.

Претходно, во близина на Сплит група „мажи во црно“ упаднале на настан на српско културно друштво и насилно го прекинале, по што биле уапсени девет лица кои добија едномесечен притвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни