Huawei презентираше телефон со двојно преклопување

Новиот мобилен телефон на Huawei со двојно преклопување е последниот адут на компанијата за домнирање на пазарот за паметни телефони. Она што предизвикува сомнеж дека Huawei Mate XT ќе го надмине iPhone е цената – 2.800 американски долари по парче.

Кинескиот технолошки гигант го претстави Mate XT, првиот мобилен телефон на светот со двојно преклопување. Премиерата дојде само неколку часа откако Apple го претстави својот iPhone 16. Двата телефони ќе бидат пуштени во продажба на 20 септември, иако Mate XT ќе биде достапен само во Кина, пренесува Reuters.

„Apple не се сопна, но Huawei отскокна“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Weibo, кинескиот пандан на мрежата „X“.

Друг вели дека времињата се промениле и дека американските санкции биле залудни.

Со моделот Mate XT, Huawei се враќа во премиум сегментот на мобилни телефони, каде што се појави минатата година со серијата Mate 60, а годинава со серијата производи од високата класа Pura, во кои се инсталирани домашни полупроводници.

Сите овие модели беа прославени во Кина како триумф над американските санкции, кои од 2019 година ги спречуваат кинеските компании да пристапат до американските чипови и друга технологија.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни