Засадете ги овие растенија и ќе ги избркате комарците

Овие растенија се одличен начин за природна заштита од инсекти, а и додаваат убавина и арома во вашиот двор.

Постојат растенија кои не само што ќе го разубават вашиот двор или градина, туку и природно ќе ги одвратат комарците благодарение на нивните силни мириси и етерични масла. Ако сте уморни од досадни комарци секое лето, сега е вистинското време да засадите некои од овие растенија и да се заштитите пред да почне сезоната.

Лимонска трева (цитронела)

Според градинарот Амбер Нојес, секое растение со мирис на лимон е одлично за бркање на комарците. Ентомологот Дејвид Прајс препорачува лимонската трева да се сади на места со многу сонце, а при првото есенско заладување, да се премести во затворено. Можете да користите и свеќи или етерични масла од цитронела.

Лаванда

При гмечење на листовите, лавандата ослободува природни масла што ги одбиваат комарците.
Сушените листови можат да помогнат и при намалување на чешањето од убоди. Растението успева најдобро на сончеви места.

Рузмарин

Содржи етерични масла кои комарците ги избегнуваат. Треба да се сади на сончево место со добро дренирано тло.

Мачја трева (нана метвица)

Содржи непеталактон – силна хемикалија што ги одбива комарците. Од листовите можете да направите природен спреј против инсекти. Лесна е за одгледување и одржување.

Невен

Комарците не го поднесуваат мирисот на невенот, а растението содржи пиретрини – природни инсектициди кои можат и да ги убијат. Садете го блиску до прозорци, врати и места за седење, со доволно сонце.

6. Нане (мента)

Ментолот од нана ги одбива комарците и другите штетници. Лесно се одгледува и успева дури и на делумна сенка. Колку е посилен мирисот, толку е поефикасна.

Босилек

Освен што е корисен во кујната, содржи еугенол – супстанција што ги збунува и иритира комарците, па дури и ги убива нивните ларви во вода.

Лук

Садењето лук во градината може да помогне – неговиот интензивен мирис ги одбива комарците.

Овие растенија се одличен начин за природна заштита од инсекти, а и додаваат убавина и арома во вашиот двор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни