Воспоставување врски: Кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики

„Дојдете ни придружете се во борбата за зачувување на отворениот, заеднички и слободен културен простор во овој свет што се распаѓа. Никој нема да дојде да нѐ спаси. Ќе се спасиме само едни со други!“велат организаторите

 На 30 9 31 мај во 19.30 часот во  Кино на Железничката зграда ќе се одрѓи промоција на Воспоставување врски: Кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики

„Уверени дека во светот на континуирана прекарност, корупција, политичка репресија и криминализација на солидарноста, само здружени можеме да го сочуваме просторот на независната, обединувачка и ослободувачка култура, ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 го отвораме со филмската програма развиена во рамките на првата соработка на Тиииит! Инк. со иницијативата Kino Unseen од Загреб и нивната програма Воспоставување врски, фокусирана на традициите и практиките на киноклубовите“ велат организаторите.

Во две филмски вечери, курирани од Карла Црнчевиќ, во Киното на Железничката зграда* во Скопје ќе го слушнеме ехото на киноклубовите и алтернативните филмски мрежи – од Југославија до Куба, од минатото до денес, и ќе отвориме прашања за инфраструктурата, продукцијата и пристапот до филмската уметност за работничката класа, но и за улогата на жените во овие алтернативни филмски мрежи – и тогаш и сега.

Првата вечер го носи гласот од Куба преку колективот Диви архивист(к)и // Archivistas Salvajes, кои го истражуваат невидливото – нехегемонско и маргинализирано кубанско визуелно наследство. Нивната селекција на кратки филмови што ќе имаме можност да ја проследиме го открива патот на неколку режисерки во градењето и негувањето на својот творечки простор во историјата на кубанската кинематографија – миговен, фрагментарен, но сепак значаен и влијателен.

Втората вечер го отвора прашањето за позицијата на жените во југословенските киноклубови. Преку примерот на творештвото на неколку авторки од киноклубовите во Загреб и Сплит, чии филмови ќе имаме можност да ги видиме, и разговор со филмскиот истражувач Сима Кокотовиќ, ќе го допреме прашањето за минатото, сегашноста и можната иднина на киноклубовите во нашиот (отсекогаш) заеднички културен простор.

Нашите борби не се само меѓусебно поврзани, ами зависат една од друга!

„Дојдете на #ППЖ13 и придружете се во борбата за зачувување на отворениот, заеднички и слободен културен простор во овој свет што се распаѓа. Никој нема да дојде да нѐ спаси. Ќе се спасиме само едни со други!“велат организаторите.

* Програмата на #ППЖ13 во Киното на Железничката зграда во Скопје се реализира во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат (FR~U).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни