Работилница за Хаига, пишување и илустрирање на хаику песни

Учесниците ќе се запознаат со техниката на пишување хаику и ќе создадат хаику песни под водство на нашата поетеса Елена Пренџова.

Третата по ред работилница за Хаига (пишување хаику песни и илустрирање на песните) ќе се одржи на 31-ви мај 2025, сабота во 17:30 часор во Градски парк кај езерата.

„Секоја работилница е посветена на едно годишно време. Така сега стигнавме до летото. Оваа работилница одлучивме да ја направиме во градскиот парк кај езерата за инспирација“, велат прганизаторите

Учесниците ќе се запознаат со техниката на пишување хаику и ќе создадат хаику песни под водство на нашата поетеса Елена Пренџова.
Потоа водени од напишаните песни со насоки дадени од Лара Ташковска ќе се создадат ликовни дела/илустрацији, во комбинирана техника. Ќе има можност да се работи со повеќе видови материјали како, акварел, пастели, акрилни и акварелни маркери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни