Гете-институт Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија и Кинотека

Проекцијата на филмот „Смрт во Венеција“ по повод 150 години од раѓањето на Томас Ман

Пред проекцијата, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Ана Опачиќ ќе разговараат за истоименото литературно дело и неговата филмска адаптација. Каде се сретнуваат книжевниот модернизам на Томас Ман и филмскиот неореализам на Висконти?

Гете-институт Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија на 4 јуни 2025 во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија организира проекцијата на филмот „Смрт во Венеција“ (Morte a Venezia, 1971) . Филмот се прикажува по повод 150 години од раѓањето на Томас Ман.

Пред проекцијата, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Ана Опачиќ ќе разговараат за истоименото литературно дело и неговата филмска адаптација. Каде се сретнуваат книжевниот модернизам на Томас Ман и филмскиот неореализам на Висконти?

„Смрт во Венеција“ е многу повеќе од приказна за минливоста, љубовта и смртта – тоа е текст што постојано го читаме одново: преку автобиографските фрагменти на Томас Ман, неговиот однос кон уметноста, општеството и себеси. Ќе анализираме како Висконти го интерпретира Ман – преку камерата, бојата, тишината и музиката на Густав Малер.

Во центарот на вниманието ќе биде интермедијалниот дијалог меѓу книжевниот и филмскиот јазик – и прашањето што се создава кога еден модернистички текст станува целовито уметничко дело на филмското платно. И, на крајот: Каде завршува авторот – и каде започнува фикцијата?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни