„Магдалена“ е новата песна на Марко Маринковиќ – Слаткар во соработка Некст Тајм. Се работи за вистинска приказна за трагичниот крај на една млада жена, која Слаткар ја преточи во стихови.
„Дај те молам не плачи, издржи лепото и биди силна, спасот го најде во седатив, не сака да биде депресивна … осаменоста е пекол, ужасно и треба некој“ се пее во песната која за неколку часа собра преку повеќе од 22 илјади прегледи.
Музиката и текстот се на Слаткар, кој го опишува животот на извесна Магдалена, која трагајќи по она за кое сонувала сиот живот се изгубила во лавиринтот на славата, парите и успехот, но наместо да побара помош, таа утехата ја пронашла во антидепресивите, а на крај го загубила и животот.
„Ценете ја жената, ценете го животот“ гласи пораката која момците од Некст Тајм и Слаткар ја испратија до целата јавност.