Летна сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“

Фестивалот се отвори 12 јуни и ќе се одвива во два викенда: 12, 13, 14 и 19, 20, 21 јуни, со почеток секоја вечер во 20:30 часот. Публиката ќе има можност да ужива во вкупно 12 проекти, односно шест фестивалски вечери исполнети со музика, перформанси и заедништво. Билетите се симболични, 300 денари, а сите собрани средства се наменети за помош на настраданите во Кочани.
Летна сцена Славиша Кајевски МНТ

Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ повторно го обои Скопје со енергијата на младата независна музичка сцена. Оваа година фестивалот, организиран од Македонскиот народен театар (МНТ) во соработка со Стереолаб и со поддршка од Македонски Телеком, носи не само звук и култура, туку и порака на солидарност.

Фестивалот се отвори на12 јуни и ќе се одвива во два викенда: 12, 13, 14 и 19, 20, 21 јуни, со почеток секоја вечер во 20:30 часот. Публиката ќе има можност да ужива во вкупно 12 проекти, односно шест фестивалски вечери исполнети со музика, перформанси и заедништво. Билетите се симболични, 300 денари, а сите собрани средства се наменети за помош на настраданите во Кочани.

„Оваа сцена покажа дека не само што може да биде платформа за младите бендови, туку и место каде што културата создава заедништво и хуманост“, изјави Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Првиот викенд започна на 12 јуни со настап на младата SPACE Анастасија, позната по својот настап на „Земјотрес“ во МКЦ. Потоа следуваат енергичните FUNK SHUI – еден од највлијателните домашни алтернативни бендови. На 13 јуни настапија FICTION, рок-состав со моќна сценска енергија.
14 јуни го носи новиот РНБ материјал на КЕМ, по што следуваа ПОЕТРОНИКА – уникатен поетско-електронски перформанс на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а вечерта ја заокружи диџеј-сетот на Марко Иван Кочишки.

Вториот викенд започнува на 19 јуни со Мартин Џорлев, за кого Дарко Јорданов од Стереолаб рече дека е „еден од најталентираните музичари денес“. Следува Гола планина со премиерата на нивниот нов проект „Животни“, а вечерта ќе ја затвори Елена Васова.
На 21 јуни, сцената ќе ја преземе Новиот почеток со ексклузивен концерт, а потоа настапува МИЛКО, дел од „западноскопската“ рок сцена. Финалето на фестивалот му припаѓа на Vagina Corporation – регионално признат бенд со силен сценски настап.

Никола Кимовски, МНТ

Никола Кимовски, директорот на МНТ, истакна дека со отворањето на Летната сцена „Славиша Кајевски“ театарот станува отворен и достапен културен простор:

„Сакавме да ја отвориме институцијата надвор од нејзините ѕидови. Од првата година, сцената имаше одличен прием. Оваа година, освен што е простор за млади, оваа сцена се претвори и во симбол на солидарност и хуманост, што за нас има огромно значење.“

Со ова издание, МНТ го одбележува и 80-годишниот јубилеј од своето основање и првата претстава „Платон Кречет“.

Дарко Јорданов – Стереолаб

Дарко Јорданов од Стереолаб објасни дека целта на Летната сцена е двојна:

„Да им дадеме глас и простор на младите артисти, и преку културата да ја поттикнеме солидарноста и заедништвото.“

Летната сцена Славиша Кајевски веќе станува значајна културна точка на мапата на Скопје – под отворено небо, покрај Вардар, со моќна порака: културата обединува, инспирира и лечи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни