Хаос на Канскиот фестивал: Пожар предизвика прекин на струја во градот

„Салата каде што ќе се одржи церемонијата располага со сопствени генератори, па програмата за вечерва останува непроменета“, соопштија организаторите.

Голем дел од југоисточна Франција, вклучувајќи го и градот Кан, денеска остана без електрична енергија, откако пожар зафати високонапонски трансформатор и ги оштети далноводите, предизвикувајќи вистински хаос во завршницата на Меѓународниот филмски фестивал во Кан.

Според соопштението на францускиот оператор за електрична енергија RTE, околу 160.000 домаќинства останале без струја, а екипите интензивно работат на обновување на системот.

Локалната полиција изјави дека пожарот најверојатно бил подметнат, и во тек е истрага за утврдување на околностите. Порталот Politico пренесува дека инцидентот сериозно ја нарушил инфраструктурата – интернет врските, телефонските линии, градскиот сообраќај и железничкиот систем се привремено во прекин

Организаторите на Канскиот фестивал соопштија дека денешниот филмски програм претрпел промени поради техничките потешкотии. Дел од филмските проекции биле прекинати, но свечената церемонија на затворање, на која се доделува Златната палма, сепак ќе се одржи како што беше планирано.

„Салата каде што ќе се одржи церемонијата располага со сопствени генератори, па програмата за вечерва останува непроменета“, соопштија организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни