Четврто издание на Меѓународниот фестивал на проза во Куманово

Вториот ден на 29 мај во 11:00 часот е закажано отворањето на изложбата на Иванка Ниба, илустраторка на книги за деца

Четвртото издание на Меѓународниот фестивал на проза во Куманово, ќе започне на 28 мај (среда) од 20:00 часот во фоаје на Центар за култура Куманово.
Гости на првата вечер ќе бидат: Весна Мојсова Чепишевска – редовен професор на УКИМ при Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје. Авторка е на десет монографски публикации. Учествува на многубројни научни и стручни конференции, симпозиуми и семинари; Огнена Никуљски – книжевен преведувач, професорка по шпански јазик, основач на катедрата за шпански јаизк и литература при УКИМ Филолошки факутлет Блаже Конески – Скопје; Оља Стојанова ( Република Бугарија) – писателка, драматург и новинар. Добитник е на награди за поезија проза и драма. Предавач е на софискиот универзитет.
Модератор на првата вечер е Душко Крстевски, преведувач и професор.

Вториот ден на 29 мај во 11:00 часот е закажано отворањето на изложбата на Иванка Ниба, илустраторка на книги за деца, а веднаш потоа следува работилница за најмалите која ќе ја води Ана Голејшка Џикова, писателка, огранизатор на детски литературни работилници, книжевни клубови и проекти за јавно говорење.
Вечерта на 29 мај (четврток) од 20:00 часот започнува втората фестивалска вечер на која гости ќе бидат:
Лидија Димковска – македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач,чии дела оставаат силен траг и печат на македонското и на сите останати неба ширум светот. Нејзините книги се читани и преведувани на седумнаесет јазици;
Филип Грујиќ ( Република Србија) – писател, драматург, асистент на катедрата за театарска драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Добитник е на повеќе награди;
Наташа Сарџоска – современа македонска писателка, поетеса и преведувачка. Зема учество на многу Фестивали во Европа и светот. Добитничка е на повеќе награди;
Модератор на втората вечер ќе биде Ана Јовковска – научен истражувач, докторант на културолошки студии, новнарка, авторка, колумнистка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни